Антикорупциската комисија ги разгледува приговорите за изборите
Foto

Антикорупциската комисија ги разгледува приговорите за изборите

Антикорупциска го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ, кој се однесува на обвинение дека на владина седница на 13 октомври, била донесена одлука за давање на финансиска поддршка на 160 правни лица, на само четири дена пред првиот круг од локалните избори.

Антикорупционерите го оценија приговорот како неоснован, бидејќи и покрај одлуките на владината седница, не се вршело исплаќање на парични средства во предизборна кампања. 

Претседателката на антикорупциска, Билјана Ивановска, посочи дека иако со одржувањето на седницата не е прекршен изборниот законик, сепак се врши суптилно влијание на гласачко тело со тоа што на четири дена пред изборите Владата одобрува финансиска поддршка на компании. Сето тоа според неа ќе се најде во посебниот извештај на Антикорупционерите/ 

Адвокатот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Богоески смета дека иако средствата не се исплатени, Владата се обидела да изврши корупција, за што треба да се постапува.  

Покрај овој приговор, Антикорупциска досега одби и два приговори од Левица и СДСМ, кои се однесуваа за нерегуларности во текот на предизборната кампања.

0 Коментари

Остави коментари