Антикорупциска отвора случај за ќерката на собранискиот спикер Џафери

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за изборот на ќерката на Талат Џафери, Бесијана Џафери Беќири, да биде член на надзорен одбор во еден од трите тима на ЕСМ кои треба да вршат производство, дистрибуција и снабдување со толинска енергија. Оттаму велат дека ќе испитуваат дали таа може да ја извршува доделената функцијата.

Од Електрани на Македонија, пак, велат дека Бесијана е веќе вработена во ЕСМ, а членството во претпријатието е дополителна работна обврска.

- „Бесијана Џафери Беќири е вработена како правник во секторот за развој и инвестиции и е член на назорот на едно од ДООЕЛ-ите. Во текот на изминатата грејна сезона вклучена беше во работни задачи при процесот на менаџирање на БЕГ од страна на АД ЕСМ, кои задачи ги изврши на највисоко професионално ниво, како впрочем и сите други споменати вработени“. - стои во соопштението на ЕСМ.

Електрани на Северна Македонија формираше три фирми кои ќе може да се јават на јавниот повик за фирма која ќе го снабдува главниот град со топлинска енергија.

Од ЕСМ велат дека вршителите на должност управители и надзорот на новите друштва за топлина се вработени во АД ЕСМ и дека биле вклучени во енергетската криза претходната грејна сезона.