Антикорупциска отвара истрага за набавката на софтверот направена во четири очи

Антикорупциска во изјава за тв 24 објавија дека отвараат истрага за набавката на софтверот која била направена во четири очи. 

ДИК два пати склучила договор со компанијата Дуна за набавка на софтверот за изборите. Првиот пат договорот бил поништен од државаната Комисија за жалби по јавни набавки, откако реагирала компанијата „Ај воут“ поради пропусти во тендерот.

Вторпат договорот со Дуна бил потпишан во четири очи, само неколку дена пред изборите. Бирото за јавни набавки му укажало на претседателот на ДИК Оливер Деркоски дека не се исполнети условите за ваква набавка. Но, тој не ги послушал и ставил потпис на договорот.