Антикорупциска ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на седница донесе одлука да направи дополнување на иницијативата за кривично дело што ја достави во јули лани за случајот „Трансмет“.

ДКСК, како што рече членот Шемси Салаи, се сомнева дека штетата за Буџетот на РСМ од неуспешната конфисакција на опремата на „Трансмет“ изнесува најмалку 26,5 милиони евра.
 

- Фактите укажуваат на сомнежи на перење пари и други дејности од казниво дело, злоупотреба на јавен повик, несовесно работење, злоупотреба и искористување на службената положба и овластувања од страна на службени лица од МЗШВ, Министерството за транспорт, за животна средина, од тогашното Специјално јавно обвинителство, Основниот кривичин суд Скопје, „Силекс“ и други правни физички лица со што е направена штета на Буџетот на РСМ. Поради тоа, ДКСК ќе достави дополнување на нејзината иницијатива за кривично дело што ја достави со претходната одлука за „Трансмет“, рече Салаи.