Антикорупционерката Ристовска поднесе оставка

Антикорупционерката, за која Државната комисија за спречување на корупција отвори два предмети, Цвета Ристовска, денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата член на ДКСК до претседателот на Собранието Африм Гаши.

Ристовска во својата оставка вели дека одлуката ја донела по неколкунеделните јавни сомнежи изнесени во врска со нејзината работа во Антикорупциска. Вели секогаш барала изземање во случаи на можен судир на интереси и дека ги почитувала законските обврски.

Цвета Ристовска, ДКСК

 - Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста. Во сите ситуации во моето работење во Комисијата во кои постоеше можност за потенцијален судир на интереси барав изземање, согласно законот. Никогаш немав намера да прикријам информација, напротив ги почитував законските обврски. Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет.

Двата предмети кои ги отвори Анткорупциска за Ристовска,  се однесуваат на судир на интереси и непријавување на фирма од синовите во анкетен лист.

За отворените предмети од страна на ДКСК, Ристовска за Телевизија 24 претходно рече дека во текот на Претседателските избори во 2024 година , ДКСК постапувала по еден предмет поднесен од органиозаторот на изборната кампања – Гордана Сиљановска Давкова  - Коалиција „ Tвоја Македонија и бидејќи нејзиниот син имал склучен договор за изнајмување на рекламен простор на подносителот на приговорот, побарала изземање од понатамошно постапување.

За вториот предмет, непрјавување на имот Ристовска рече дека законот не ја обврзува да пријави имот или фирми на лица кои е во сротство но не живеат со неа.

Претходно, од политичката партија Левица алармираа дека  во анкетниот лист од 18 јануари 2024 година, Ристовска не ја пријавила фирмата од 2020 година регистрирана на име на нејзиниот син која воедно според нив, добивала милионски суми за изборната кампања.

По поднесената оставка на Ристовска од Левица велат дека тоа не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица.

Левица

- Оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата претставува директна победа на вистината, јавниот притисок и истрајноста на Левица. Оставката на Ристовска не е личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните и клиентелистички врски што ја компромитираа Антикорупциската комисија. Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже.

Антикорупциска и изминатиот период беше под лупа на јавноста и со поранешната претседателка Татјана Димитровска која си поднесе оставка откако се отвори случајот против неа за  оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.