Антикорупционерите утврдиле неправилност при вработувањето на синот на пратеничката Стојчевска
Предметите кои што Антикорупциска ги отвори за вработувањата на роднините на функционерите се веќе при крај. Според информациите на Телевизија 24, антикорупционерите констатирале неправилост при вработувањето на синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска кој е вработен во ЕЛЕМ. Според истите извори, синот на пратеничката не ги исполнил условите што биле предвидени со конкурсот за вработување. Неправилности имало и кај дел од вработувањата на другите роднини на функционери.
Според најавата, овие предмети треба да бидат целосно завршени следната недела. Но Антикорупциска ќе ги објави одлуките за десетина дена кога Комисијата ќе биде во полн состав, а не следната недела, зашто тогаш двајца членови на Комисијата ќе бидат службено отсутни.