АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГО ИСПИТУВААТ СКАНДАЛОТ СО НАВОДНОТО МЕСТЕЊЕ ТЕНДЕР ОД РАШКОВСКИ - ЗАЕВ И ДЕНЕСКА ВО ОДБРАНА
Foto

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГО ИСПИТУВААТ СКАНДАЛОТ СО НАВОДНОТО МЕСТЕЊЕ ТЕНДЕР ОД РАШКОВСКИ - ЗАЕВ И ДЕНЕСКА ВО ОДБРАНА

Антикорупциска ќе отвори предмет за Драги Рашковски за да ја испита неговата инволвираност во тендерот на италијанската фирма Леонардо . Случајот се отвора по допрен глас откако веќе во јавноста излезе аудио снимка во која Рашковски наводно договара реализација на овој тендер. Антикорупционерите ќе треба да испитаат дали Рашковски навистина имал задолжение од владата да разговара за тендерот и дали законски тој преговарал со претставниците на италијанската компанија како и за обвинувањата од опозицијата дека тој добивал мито .

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска преку соопштение до јавноста побараа ОЈО да реагира за овој случај наведувајќи

„Криминалните тендери и грантови, партиските и непотистичките вработувања се валутата со која Зоран Заев тргува за да остане на власт, на штета на граѓаните.“

Само последен во низата е корупциски скандали е оној  со тендерот за набавка на радарска опрема . На граѓаните од денот кога свиркачи го разоктрија овој скандал им одекнуваат зборовите на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски ,,Leonardo will win“. ОЈО мора да реагира и покрај огромниот притисок од криминалната власт на чело со Заев.

Премиерот Заев пак и денеска во изјава за медиумите рече дека Рашковски имал налог од владата да постапува по овој тендер и нема ништо спорно во целата оваа процедура .

Сепак Заев и денеска посочи дека нема ништо против институциите да ги расчистат недореченостите како што рече за овој случај но исто така и најави одговорност за оние што направиле, како што рече, овој случај да изгледа вака грозно. Аферата со овој случај стана актуелна деновиве не само во домашните туку и во италијанскјите медиуми. Генералниот секретар пак на прес конференција најави тужби за медиуми и новинари, се правдаше дека не направил ништо незаконско и дека немало зошто да поднесе оставка.

0 Коментари

Остави коментари