Антикорупционерите го „спасија“ и Ивица Томовски
Антикорупциската комисија на денешната седница не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски и фирмата за која се тврдеше дека е на неговиот татко, а која наводно добивала тендери од СОЗР.
Постапката што ја водеше ДКСК е запрена.
Опозициската СДСМ обвинуваше дека 160 тендери добила фирма блиска на наводно блиско лице на директорот на владината служба, Томовски ги отфрли обвинувањата и велеше дека никој од неговото потесно семејство нема сопствеништво во компанијата посечена од опозициската партија.

