Ансамбли од Мексико и Полска на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со вечер на традиционална музика и игра, на која ќе настапат ансамбли од Мексико и Полска.

Според програмата, освен гостите од странство, на сцената пред битолскиот Оифицерски дом ќе настапат и македонските играорци, членовите на КУД „Илинден“ од Струга и Демир Хисар, здружението „Ињевска гајда“ од Ињево, КУД „Весели пензионери“ од Пробиштип, здружението за фолкор „Копачка“ од Драмче, а соло изведба на фестивалот ќе има Ѓорги Стојчевски од КУД „Илинден“ кое работи во Сиднеј, Австралија.

Во рамки на придружната програма, во студентскиот дом „Кочо Рацин“, претпладнево продолжува семинарот за традиционална музика и игра, во старата битолска чаршија ќе има интернационални фолклорни презентации, а од 21 часот на плоштадот „Магнолија“ ќе се одржи манифестацијата „Ехо од дамарите“.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ завршува на 31 јули.