Анкетна комисија за Кочани, кој и зошто ја кочи?
Порано или подоцна ќе мора да биде направена анкетната комисија за Кочани и за останатите несреќи која ја иницираше парламентарното мнозинство посочи во вчерашната анализа на ТВ 24 Тони Јарески пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Јавноста и семејствата заслужуваат одговор на многу прашања поврзани со овие настани а разврска мора да има иако се чека да се види каква ќе биде и завршницата од судските процеси додаде Јарески.
И додека лидерот на СДСМ Венко Филипче во неколку наврати претходно тврдеше дека ќе достават членови за ова тело до собранискиот спикер Гаши од кого чекаа пак официјален допис а се уште не го добиле па поради тоа и не номинираат свои членови во вчерашното гостување на ТВ 24 Битиќи сам посочи дека се пријавува и со тоа како што рече 50 % од работата на нивната пратеничка група е завршена.
За сега одржана беше само постојаната анкетна комисија во собранието со која претседаваше лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев но заклучоците од истата не се усогласија со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои пак иницираа нивна анкетна иако за таа ни самите немаат номинирано членови .
До сега само Левица имаа доставено свој член и заменик иако како што тврдеа и тие го чекале дописот на Гаши но кога виделе дека не им праќа, решиле самоиницијативно да номинираат членови. Дел од членовите на семејствата на загинатите во кочанската дискотека вчера имаа средба со директорот на институтот за судска медицина во Скопје Александар Станков за тоа дали присуството на цијаниди било една од причините за смртта по што беше кажано дека по звршувањето на судскиот процес и на ова прашање јавноста и семејствата ќе го добијат одговорот.

