Анкетна комисија за Кочани и Модуларна болница
Дали и кој тоа бега од Анкетната комисија која покрај Кочани ќе треба да ја опфати и трагедијата која произлезе од модулатната болница во Тетово но и сообраќајните несреќи со Беса Транс и Дурмо турс . Иако на почетокот и власта и опозицијата кршеа копја во собрание чија анкетна треба да биде изгласана сега и покрај изгласаната потреба кандидати за членови на ова тело се уште никој не предложил освен Левица . Сепак и денеска од партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ со акцент на модуларната во Тетово а повикувајќи се и на една од изјавите на обвинителката Кадриу го вперија прстот кон лидерот на СДСМ Венко Филипче и поранешната влада дека вршеле притисок врз институциите се со цел јавноста да остане без одговори на клучните прашања .
Сепак иако и овој случај треба да биде предмет на анкетната која ја предложи ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери а ја гласаше и СДСМ нити една од овие две партии не доставува предлог на членови за да се отвори нова расправа во законодавниот дом. И лидерот на СДСМ Венко Филипче во неколку наврати одговарајќи на новинарски прашања кога ќе достават предлог членови потенцираше дека тоа ќе го направат веднаш или уште истиот ден кога одговараше на овие прашања .Последен таков одговор даде пред 4 дена откао и Гаши на брифингот со новинарите испрати јавен повик партиите да доставуваат кандидати за членови и нивни заменици.
Сепак и после оваа изјава од пратеничката група на СДСМ не доставувањето на предлог членови и заменици па и претседател го правдаа со тоа што не добиле официјален допис од Гаши . Левица исто така реагираше на тоа но потоа сами испратија свој предлог член односно тоа да биде Борислав Крмов а негова заменичка да биде Јована Мојсовска . ВМРО ДПМНЕ за кои пак Левица тврдеа дека не се согласувале со заклучоците од постојаната анкетна за Кочани сега пак своите ставови ги темелеа на тоа дека Апасиев официјално не ги изнел заклучоците од претходната на која присуствуваа и членови на семејствата на загинатите од Кочани . Гаши пак тврдеше дека неговата работа си ја завршил и дека пратеничките групи сега се на потег .

