Анкета: „За“ или „против“ поригорозен закон за забрана на пушење
Различни се размислувањата на граѓаните во однос на идеата да се стега обрачот околу пушачите со законски измени кои предвидуваат целосна забрана за пушење во кафулиња, ресторани, барови и во автомобилите. За едни потегот на власта е за поздравување други пак сметаат дека е класична дискриминација на тие кои што се конзументи на никотин.
Планот е целосно да се забранат сите видови на цигари, вклучвајќи ги и електорнските во затворен простор. Целта е да се спречи создавање на нови генерации на пушачи со оглед на тоа што на ниво на државата стапката на пушење кај возрасни е над 45%, што е далеку над просекот на Европа. Власта планира законски измени на повеќе позиции.
„Забрана за пушење во сите затворени јавни простории; забрана за пушење во угостителски објекти, без исклучок; забраната за пушење во автомобилите, особено кога во возилото има деца; забрана за упорреба на електросни цигари во сите затвроени објекти; построги правила за продажба и изложување на цигари.“
Од туристичко угостителската комора за телевизија 24 искоментираа дека е многу брзо за конкретен став се очекува средба со членовите по што ќе се произесат.
Туристичко угостителска комора
„Туристичко угостителската комора во текот на следната недела ќе се состане со своите членови по што ќе имаме свое мислење во однос на измените на законот кои се планираат.“
Половината од пушачите консумираат повеќе од 20 цигари дневно. А статистиките покажуваат дека во државата годишно умираат околу 4.000 луѓе од болести поврзани со пушењето. Со ваквите предложени измени Македонија ќе стане една од земјите со најригорозни законски решенија во оваа област.

