Анкета на ВМРО-ДПМНЕ: Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ објави анкета, која за нив ја изработила агенцијата ИПСОС во периодот  од 01 до 18 јули 2022 година на терен на 1.014 испитаници. Според податоците што ги објави опозициската партија 58 отсто од испитаниците одговориле дека не го поддржуваат Францускиот предлог за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија. За Францускиот предлог се 26 отсто од испитаниците, 16% одбиле да одговорат. 

На прашањето  доколку на следните избори би се кандидирале само партии, а не коалиции, за која партија би гласале за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 19.7%, за СДСМ9.5%, за ДУИ6.2% , за Левица 5.9% , за Алијанса за Албанците 2.8% -  други 4.2% - неодлучиле 22.5% , одбиле да одговорат 17 %  не би гласале 12.2% испитаниците  и натаму сметаат дека најголеми проблеми за државата се економијата (економската состојба/финансиите) 20%, лошиот стандард 16%, Францускиот предлог/Бугарија 8%, невработеноста 7%, политика, политичка криза, партизираното општество 4%, корупцијата и криминалот 4%, здравството 3%, проблеми со идентитетот на државата 2%, промената на името 2%, меѓуетнички односи 1%, влез во ЕУ, евроинтеграцијата 1%. 36 отсто од испитаниците дале оценка 1 за досегашното работење на Димитар Ковачевски како премиер на Република Македонија. Двојка дале 15 отсто од испитаниците, тројка -  20%, многу добар е премиерот сметаат 11% од испитаниците, а дека е одличен – 8%.