Анкета на Стопанска комора: Централната и локалната власт барале мито од приватниот бизнис
Се бројат на прсти компаниите кои пријавиле корупција, плашејќи се да не пропадне бизнисот или пак водејќи се со помислата дека системот нема ништо да реши и во случај да пријават.
Ова го покажуваат најновите резултати од Анкетата со приватниот бизнис сектор за за корупција, која ја спроведе Стопанската комора во март годинава, а се однесува на 2023 година. Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот. Обидувајќи се индиректно да бара пари, процент од тендери, нечие вработување или унапредување, донација за политичка партија, подароци.. На меѓународното рангирање, Македонија е на 76-то место.
„Корупцијата некогаш го кородира општеството од внатре, така што прашање е и на национална сигурност, дали ќе имаме или немам безбедност. Со еден збор корупцијата е канцер на општетството. На пет компании им биле побарани над 100 000 евра, а од некои, кои учествувале на тендер, биле побарани 6-10% од износот на тендерот.“ - м-р Зоран Јовановски советник на претседателот на СКСМ.
Од оние компании што не прифатиле коруптивно барање, 48% се изјасниле дека имале последици врз бизнисот. 30% од компаниите сметаат дека ќе пропаднат ако не прифатат мито, 35 % велат дека прифаќањето би им помогнало. Дел од компаниите предлагаат да се зголемат казните за коруптивните дела.
„Најмногу одговори се во постапка на добивање дозвола, одобрение и слично. При инспекциски надзор, при царинска, тендерска постапка. Има и една група на други одговори кои се во некаква друга постапка, даночна постапка, судска, катастарска. Нула одговори се добиени за постапка на Јавно обвинителство или постапка кога некој вршел ревизија-во таква постапка немало корумптивно барање.“ - вели Јовановски.
Анкетата е спроведена во март, електронски, а се однесува на 2023 година. Одговориле 138 компании, од кои 75 целосно, на сите прашања. Седиштата на компаниите кои одговориле, се во 25 општини низ државата, главно урбани, а работат во 48 дејности. Две тртетини се фокусирани на домашниот пазар, а една третина се извозници, но вклучени биле и фирми кои не се членки на Комората.