Анкета на НДИ: 56% сметаат дека државата се движи во погрешна насока
Доколку утре се одржат парламентарни избори 21,5 отсто од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 13,9 за СДСМ, а 6,2 за ДУИ, покажуваат резултатите од теренската анкета на НДИ на 1.003 испитаници во април оваа година. Дека државата се движи во погрешна насока сметаат 56 отсто од граѓаните, додека 11,1 отсто велат дека се движи во правилна. Според податоците од истражувањето, економските прашања стануваат се поважни за македонците поради инфлацијата и зголемените трошоци за електрична енергија. 58 проценти од анкетираните граѓани се многу загрижени за намалениот животен стандард, ниските плати и ниските пензии а четири од десет испитаници трошат најголем дел од семејниот буџет на храна, покажува истражувањето на националниот демократски институт спроведено од 13 до 24 април годинава на примерок од 1003 испитаници на возраст над 18 години.