Анкета на НДИ: 24,8% би гласале за СДСМ и коалицијата, 21,2% за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
Foto

Анкета на НДИ: 24,8% би гласале за СДСМ и коалицијата, 21,2% за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Колацијата предводена од СДСМ и БЕСА има предност од 3,6 % пред коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пред гласањето на предвремените парламентарни избори на 15 Јули, покажува истражувањето на американскиот Национален демократски институт.

Според анкетата во просек 24,8 % од испитаниците кажале дека ќе ја подржат коалицијата „Можеме“, 21,2 % ќе гласаат за коалицијата „Обнова за Македонија“, ДУИ води со 7,2% пред коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива за која ќе гласаат 5,7%. 16,5% од луѓето кажале дека нема да гласаат, 9,5 одбиле да одговорат а 9% не знаат.

Истражувањето покажува дека за коалицијата предводена од СДСМ нема големи промени кај гласачите во однос на расположението за гласање во Март, кај ВМРО – ДПМНЕ има скок од 2%, а кај ДУИ и Алијансата и Алтернатива состојбата е статус кво. Во однос на довербата во лидерите, граѓаните најмногу му веруваат на Зоран Заев со 40% кој сепак има пад од рејтингот во однос на февруари, довербата се зголемила кон Христијан Мицкоски но тој заостанува речиси дупло зад Заев со 28%.

Интересно е што Зијадин Села ужива поголема доверба пред Али Ахмети со 17 наспроти 15%, колку што има и Билал Касами а 11% се наклонети кон Африм Гаши. Во однос на излезноста 7% е намален интересот на граѓаните за гласање во однос на Февруари, а најголем дел од луѓето кои кажале дека нема да гласаат 22% кажале дека тоа е страв поради Ковид19. Истражувањето на НДИ е спроведено на терен, преку интервјуа лице в лице, од 12-21 јуни на национален репрезентативен примерок од 1.213 испитаници кои имаат над 18 години.

0 Коментари

Остави коментари