Анкета на асоцијација Зенит: 85% незадоволни како се трошат парите од нивните даноци
Foto

Анкета на асоцијација Зенит: 85% незадоволни како се трошат парите од нивните даноци

Скандалите со корупција во земјава, злоупотребата на јавни средства од страна на функционерите ги прави граѓаните скептични дека државата правилно располага со парите од даноците. И покрај тоа што државната каса се збогаитла за околу 20 милиони евра повеќе во првите шест месеци од примената на реформите со која повисок данок плаќаат тие што заработуваат повеќе, 85 проценти од грѓаните се незадоволни како со овие средства располага државата.

Според податоците добиени од анкетата спроведена од Асоцијацијата за развојни иницијативи, 44 проценти од испитаниците целосно ги подржуваат даночните стапки, додка 40 проценти не се согласуваат со ваков даночен модел. 

Државата мора да изнајде акалтки да ги вовлече сите кои што се надвор од легалната трговија, експертот за даночна политика, Павле Гацов посочува дека и покрај повратот на ДДВ за граѓаните, сепак суштинска причина за високиот процент на несобирањето на потенцијалнотот ДДВ е сивата економија. 

Економистите сметаат дека се евидентни продобивките од реформата на персоналниот данок на доход, но дека треба ги следиме искуствата од регионот. Актуелната политичка клима влијае негативно и на плаќањето даноци и на целокупната економска состојба, оцени денеска даночниот експерт Павле Гацов, порачувајќи дека е потребно смирување на политичката клима и враќање на економијата

0 Коментари

Остави коментари