Анкета граѓани за повисоките цени

Укинувањето  на гарантираните цени на дел од прехранбените производи отвори пат за нови ценовни корекции. Дел од граѓаните велат дека веќе се чувствува поскапувањето  во маркетите. Останатите кои ги анкетиравме велат дека не почувствувале никакво подобрување во куповната моќ додека траеше мерката за гарантирани цени. Ременот се стега, потрошувачката кошничка е попразна, се купува најосновното.