Ангеловски за тв 24: Среќаваме со нов пазар
Foto

Ангеловски за тв 24: Среќаваме со нов пазар

Мартин Ангеловски од Групацијата за Угостителство ги објасни новите мерки за угостителите кои започнуваат со работа утре. Ќе работат само отворените тераси, а оние немаат тераси, нема да може да работат. Тие упатиле реакција да се дозволи работа и во внатрешниот дел.

„Недостатокот на прецизни информации води до шпекулација. Образложивме дека треба да се измени и немаме начин да ги легитимираме лицата дали се од исто семејство. Чекаме официјална потврда пред утрешното отварање. Неизвесноста е голема капацитетот беше определен на 96м2м, а ние упативме препорака да се оди на дистанца, а не на квадратура и тоа ни беше прифатено.“ - рече Ангеловски.

Истакна дека се среќааваат со нов пазар, ќе треба време да се надмине стравот, ќе има намалена потрошувачка. Угостителите се свесни дека во наредните месеци ќе работат со загуба и дека ќе мора да работат да ги амортизираат.

0 Коментари

Остави коментари