Ангеловски за тв 24: Не постојат природни нации, постојат народи, а нациите се вештачки создадени
Foto

Ангеловски за тв 24: Не постојат природни нации, постојат народи, а нациите се вештачки создадени

Страшо Ангеловски основач на една од првите партии во Македонија, МАААК конзервативна во денешното гостување во 24 анализа, смета дека не треба да се има двојни стандарди при славењето на Александар Македонски и Гоце Делчев.

„Треба да бидеме конзистентит и да немаме двојни стандарди.“ - рече Ангеловски.

Ангеловски смета дека не постојат природни нации, дека постојат само народи. Тој истакна дека поимите нации и народ треба да се разликуваат и дека едно е да биде припадник на народ, а друо на нација создава низ векови.

„Не постојат природни нации, постојат народи, а нациите се вештачки и се формираат од 1664 година. Во 80-тите години в минатиот век постоеше југословенска нација. Ако таква држава оптснеше уште 50 години, ќе се создадеше вештачката нација, и дали тогаш Гоце Делчев ќе беше југословен?“ - рече Ангеловски и додава и дека американците се вештачка нација.

Тој смета дека Гоце Делчев се изјаснил како бугарин, зошто немал поинаква можност.

0 Коментари

Остави коментари