Aнгеловска: Следниот месец започнува мојДДВ#МојаНаграда
Foto

Aнгеловска: Следниот месец започнува мојДДВ#МојаНаграда

Во Министерството за финансии денеска беше презентирана новата иновативна маркетинг-стратегија. Станува збор за наградна игра која ќе започне од 15 декември, а граѓаните кои до сега скенирале најмногу фискални сметки можат да бидат добитници на вредни добивки.

Главната награда ќе изнесува пола милион евра, со дополнителни месечни награди од 1000, 2000 и 3000 денари. Целта е да се покрене свеста  за се поголемо барање фискални сметки како и нивно скенирање, со што се намалува сивата економија. 

„Наградната игра наречена мојДДВ#МојаНаграда има награден фонд од половина милион евра. Таа ќе придонесе да се стимулира дополнително земањето на фискални сметки. Мерка која дава резултати како МојДДВ треба да се надградува. Со наградната игра ќе ги стимулираме граѓаните кои го надминале месечниот лимит за поврат, да продолжат да скенираат бидејќи можат да добијат вредна парична награда. Исто така, граѓаните ќе бидат мотивирани да ги скенираат сите фискални сметки, без разлика дали имаат 5% ДДВ или нула проценти ДДВ. Сега сите ќе имаат еднаква шанса за добивка“ - рече Ангеловска.

Директорката Сања Лукаревска очекува голем број корисници да го добијат  максимумот поврат. За јули, август и септември, исплатата ќе биде во висина од 50 до 1.800 денари. 

„Во моментов се подготвуваме, имаме уште неколку дена до почнување на декември. Во најскоро време, на почетокот на декември, би требало некаде за 10 до 15 дена да ги вратиме назад парите кај граѓаните. Со тоа што ќе добијат и претходно известување на меил согласно оние податоци кои ги имаат во Е-пдд, дека ќе им се изврши исплата. Очекуваме дека ќе има голем број на граѓани кои што го имаат остварено лимитот од 1 800 денари да им биде вратен назад во нивните џебови“ - вели Лукаревска.

По бројот на корисници од над 180.000 граѓани кои месечно скенираат околу 8 милиони фискални сметки што придонело да бидат возвратени 5 милиони денари на граѓаните. Лукаревска најави дека од 1 до 15 декември ќе се изврши првиот поврат на ДДВ кон граѓаните кои скенирале фискални сметки.

0 Коментари

Остави коментари