Ангеловска: НАТО е извор и на финансиска и на економска сигурност
Foto

Ангеловска: НАТО е извор и на финансиска и на економска сигурност

Земјава ќе има голем бенефит од членството во НАТО. Пред се, политичка стабилност, сигурност и економски придобивки, нагласи министерката за финансии Нина Ангеловска на синоќешната трибина во Прилеп насловена: „улогата на бизнис-заедницата во градењето цврсти партнерства со НАТО сојузниците”.

На трибината учествуваа млади и претставниците од бизнис заедницата. Панел дискусијата е во организација на инфо-центарот за евроатлантски интеграции кој организира караван низ неколку градови во државата.

0 Коментари

Остави коментари