Ангеловска ќе ја презентира МојДДВ#МојаНаграда, наградниот фонд половина милион евра
Foto

Ангеловска ќе ја презентира МојДДВ#МојаНаграда, наградниот фонд половина милион евра

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска ќе информира за почнувањето на ФинХакатон2:МојДДВ#МојаНаграда и за условите за наградната игра #МојаНаграда што треба да стартува овој месец. 

„ФинХакатон2: МојДДВ#МојаНаграда“ е заеднички проект на Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој за креирање иновативна маркетинг-стратегија за #МојаНаграда со главна цел да се влијае на граѓаните да земаат фискални сметки и со тоа да се намали сивата економија.

Министерката Ангеловска во петокот во обраќањето пред собраниската Комисија за финансирање и буџет, најави дека наградната игра МојДДВ#МојаНаграда ќе започне во текот на овој месец и наградниот фонд е половина милион евра. Посочи дека #МојаНаграда претставува надградување на успешната мерка МојДДВ, како и дека по примерот на многу успешни пракси во светот, преку наградна игра ќе се стимулира борбата против сивата економија.

–Наградната игра наречена мојДДВ#МојаНаграда има награден фонд од половина милион евра. Таа ќе придонесе да се стимулира дополнително земањето на фискални сметки. Мерка која дава резултати како МојДДВ треба да се надградува. Со наградната игра ќе ги стимулираме граѓаните кои го надминале месечниот лимит за поврат, да продолжат да скенираат бидејќи можат да добијат вредна парична награда. Исто така, граѓаните ќе бидат мотивирани да ги скенираат сите фискални сметки, без разлика дали имаат 5% ДДВ или нула проценти ДДВ. Сега сите ќе имаат еднаква шанса за добивка, рече Ангеловска.

Таа информиа дека МојДДВ ги испорачал резултатите за кои бил наменет – сузбивањето на сивата економија, што се огледа по подобрената наплата на ДДВ, како и по бројот на корисници од над 180.000 граѓани кои месечно скенираат околу 8 милиони фискални сметки. Најави дека од 1 до 15 декември ќе се изврши првиот поврат на ДДВ кон граѓаните кои скенирале фискални сметки.

0 Коментари

Остави коментари