Ангеловска: Дефицитот во буџетот се одвива согласно планираната динамика
Foto

Ангеловска: Дефицитот во буџетот се одвива согласно планираната динамика

Дефицитот во буџетот во првото полугодие е остварен во износ од 3,8% од БДП, и е согласно проекциите, односно се одвива согласно динамиката која ја планиравме, соопшти на прес конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

Вели дека и покрај предизвиците со кои се соочува македонската екномија, во услови на справување со ковид, извршувањето на буџетот се одвива по план, а ликвидноста е обезбедена.

0 Коментари

Остави коментари