Ангелов за 24 анализа: Опасните идеи за големи држави не може веќе да не загрозат
Foto

Ангелов за 24 анализа: Опасните идеи за големи држави не може веќе да не загрозат

„Судството во Македонија не е реформирано. Затоа имаме одолвлекување на вакви процеси и застарување.“ - изјави во вечерашната 24 анализа со Сеад Ризвановиќ, Стојанче Ангелов за застарувањето на делото „Траекторија“ на Никола Груевски.

Имаме добри законски решенија но, џабе е се кога законите се само на хартија, рече Ангелов. Мијалков, Јанески, Јанкулоска и активно има обвинение против Трајко Вељаноски за кое рече дека очекува осудителни пресуди. Ангелов истакна дека бил драматичен и начинот на кој беше формирана владата со настаните од 27 април 2017, кога Македонија била на работ на граѓанска војна.

„Сметам дека тие казни се драконски.“ - рече Ангелов.

Тој потсети дека јавно повикал на амнестија за непосредните учесници и дека тоа не добило многу на публицитет. од позиција на мал коалиционен партнер, Ангелов повикал на амнестија, која дури не наишла на одзив и во сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ангелов е убеден дека упадот во Собранието било исклучиво со желба да се наштетат на присутните во Собранито и го посочи примерот на Села.

Ангелов рече дека и на ВМРО-ДПМНЕ му било јасно дека името мора да се промени и дека не протестирале кога биле приведени осомничените за упадот во Собранието, кои биле препуштени сами на себе и од сопствен џеб плаќале адвокати, а ВМРО-ДПМНЕ ги оставил на цедило.

„Јас во ова гледам политичка калкулација.“  рече Ангелов.

Тој смета дека и Мицкоски до избори нема да се огласи во врска со промената на името, иако нема сила која може да го поништи Преспанскиот догвоор. Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ дава пасивна поддршка за Преспанскиот договор, зошто сметаат дека преку тоа полесно ќе се вратат на власт и смета дека на претстојните избори, СДСМ во тесна трка, сепак ќе победи и за тоа треба како репер да се земат локалните избори. На парламентарните избори и на локалните избори партиската база е најмотивирана, смета Ангелов.

„Партиската база на СДСМ е посилна од онаа на ВМРО-ДПМНЕ и оние неопределени гласачи кои имаат забелешки на владата, ако излезат на гласаат ќе гласаат за коалцијата на СДСМ кои ја водат Македонија во ЕУ и НАТО.“ - рече Ангелов.

Во врска со ветото на Франција кон Македонија, тој е оптимист дека датумот ќе го добиеме и покрај ветото на Макрон.

„Дури Македонија да стане членка за 20 години, тоа е ништо. Ние имаме сопствена држава. Опасните идеи за големи држави не може веќе да не загрозат. Имаме пораст во економијата и влез на странски инвестиции. Од 2008 Македонија назадуваше. Денес дојдоа највисоките функционери. Заев покаа дека е мајстор за водење на меѓународна политика.“ - рече Ангелов.

0 Коментари

Остави коментари