Ангелов во Аргумент плус: Очекувам бранителите во Македонија да ги добијат своите права

Претседателот на политичката партија „Достоинство“, Стојанче Ангелов во Аргумент плус рече дека очекува да се донесе Законот за бранители со цел да им се дадат права на бранителите во Македонија. Тој зборуваше и за Европската Унија и договорот со Бугарија.

„Едно од нашите барања беше грижата за 15 семејства на загинати бранители. Расположението за таков Закон кај ВМРО-ДПМНЕ го има и денес. СДСМ беа 7 години на власт и не донесоа никаков закон за бранителите. Чекаме 24 години и ќе бидеме трпеливи. Македонските бранители ќе добијат макар и симболични права, верувам во тоа“, изјави Ангелов.

Во однос на договорот со Бугарија и патот на Македонија кон Европската Унија, Ангелов рече дека барањата од Бугарија нема да завршат.

„Ме зачудува што процентот на граѓани кои не сакаат да се во ЕУ не е поголем, после ваквиот однос. Мицкоски тоа го кажа, овој однос од ЕУ кон нас е нечесен поради спорот со Бугарија и Грција. Ние и со промената на името бевме изиграни. Бугарија не правеше проблем за влез во НАТО, проблемот се бугарските нечесни барања и сите знаеме дека нема да завшрат овде“, рече Ангелов.