Ангелов: Три српски и еден хеликоптер на АРМ го гаснат пожарот околу Дренак, тој е најсериозен

Девет пожари моментно се активни, а состојбата е најсериозна во општината старо нагоричани, околу селото Дренак.

Во изјава за тв 24 директорот на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Други активни пожари има во Валандово, во месноста погана, во кумановското село Коњув, околу селото Мурашав во Кратово, во Прилеп, поточно на Плетвар, како и во Делчево.

Пожарот во Кочани, пак, е ставен под контрола. Побарана помош од Словенија и од Грција, но дополнително јавноста ќе ќе биде информира кога би требало да пристигне.