Ангелов: Ситуацијата е стабилна, иако во болниците се регистрирани поситни инциденти

Колку војници и во кои објекти и болници ќе бидат распоредени е последната тема која се разгледуваше на седница во Главниот Штаб.

Одлуката ќе дојде од МВР, бидејќи полицијата треба да пресмета колку припадници на АРМ се потребни да асистираат при одржување на редот, невооружени. Во Ковид центрите обезбедувањето ќе биде 24 часа.

Приватните болници заедно со министерот Венко Филипче треба да кажат колку војска им е потребно на помош. Планот на усвојување од Главниот штаб оди во Управувачкиот комитет во Владата.

ЦУК кубури со вработени и за тоа е информиран и премиерот, информираше директорот Ангелов. Интервентно поради ситуацијата, десетина вработени од други институции ќе почнат да работат за ЦУК, а ќе има и внатрешна реорганизација на вработени кои ќе бидат вклучени во активности поврзани со кризна состојба.