Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

38 стари оклопни и теренски возила ќе гасат пожари на отворено низ територијата на цела држава. Неупотребливите возила кои денеска беа промовирани од премиерот Мицкоски и директорот на Дирекцијата за заштитата и спасување, Стојанче Ангелов биле надоградени со резервоари за вода и пумпи со висок притисок со цел полесна борба со огнената стихија. 

Пренаменетите оклопни возила за Ангелов се чекор напред во превенцијата на пожарите во текот на летото. Вели дека иако сезонава се очекуваат голем број на пожари сепак, нема да му е потребна „гранка за гасење“ бидејќи возилата се доволни. 

Тонско Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување: „Оваа година гранката нема да ми треба бидејќи за разлика од минатите годиини имаме повеќе ресурси со кои што борбата против огнената стихија која очекуваме да ја зафати државата ќе биде поедноставна. За прв пат имаме неспоредливо голем број ресурси за борба против пожарите на отворен простор и против шумските пожари“

Со сличен став е и директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Аљи. Вели дека годинава државата располага со солидна опрема за гасење на пожари. Покрај пренаменетите возила, ќе се користат и два армиски и два полициски хеликоптери.

Хибрид, Мухамед Аљи, директор на Центарот за управување со кризи:  Оваа година според временските прогнози се покажува дека годинава има поголем ризик од лани. Во моментов со новите возила оваа година стоиме подобро од лани. Се чека и вториот авион на ДЗС да се користи и два хеликоптери од армијата и два од полицијата. Мислам дека годинава е подобро и во делот на возилата и во делот на воздушната опрема.

Според последните информации на ЦУК во последните 24 часа регистрирани се 25 пожари. Од нив активни се 4. Два во Прилеп, еден во Македонски Брод и еден во Чашка.