Ангелов: Има нови индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, обид да се реактивира

Беснеат пожари низ Македонија. Пламените јазици зафатија гробишта и црква во село кај Македонски брод. Борбата со пожарот во Чучер Сандево е страотна, жителите цела ноќ ја пробдејаа.

Гасењето продолжи и денеска и со два хеликоптери. Пожарот кај Блаце најверојатно е подметнат - пронајдени палети потопени со бензин - вели првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.