Анџелина Манго победи на Сан Ремо и ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизија

Анџелина Манго победи на 74. издание на Сан Ремо и ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизијата во Малме, Шведска во мај. Таа освои најмногу гласови од сите три категории на жирито за песната „Девојката“. Второто место го освои Геолиер, а третото Аналиса.

Финална вечер ја водеа Амадеус, со Фиорело, а како специјални гости се појавија Роберто Боле, Лука Аргентеро и Џиљола Чинкети. Гласањето се одвиваше повторно преку комбинација на три методи: Телевоутинг, фиксен и мобилен телефон, жирито на прес-салата и гласање онлајн.

Големото финале започна со изведбата на оркестарот на Раи, а потоа на сцената настапија сите 30 изведувачи.

Како прв специјален гостин настапапи Роберто Боле настапи со „Болеро“ на Морис Равел. придружуван од 18 танчери балетот Бејарт од Лозана.

„Донесов култна кореографија и една од најпознатите од „Болеро“ на Равел“, рече Роберто на крајот од изведбата.

Пред точно 60 години, песната „Non ho l'età“, победи тогаш на Сан Ремо и Еврофестивалот, како што се нарекуваше тогаш Евровизија. По шест децении на сцената на Сан Ремо се појави Џиљола Чинкети која повторно ја изведе легенраната песна.

Во текот на вечерта, по традиција, беа доделени и други награди: Наградата на критиката „Mia Martini“ ја доби Лоредана Берте со песната Pazza. Наградата „Лучио Дала“ и беше доделена на Анџелина Манго и „Девојката“. Младата пејачка ја доби и наградата „Џанкарло Бигаци“ за најдобра музичка композиција. Бардоти“ за најдобар текст.