Анџела Агелер за ТВ 24: Нема место за политичко мешање во судството

Американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер за ТВ 24 вели дека во Македонија има недостиг на транспарентност во судството....Вели, граѓаните на Македонија заслужуваат независно правосудство, а оние кои би се вмешале преку пристисоци, закани или корумптивни зделки на задна врата треба да бидат повикани на одговорност... На прашање на тв 24: Како го коментира фактот што земјава се соочува со ситуација во којашто имаме контроверзен шеф на организиран криминал и оставка на претседателката на најмоќното судско тело, во време кога денес и утре Македонија во Брисел го отвора поглавјето 23 -судство, од билатералниот скрининг Американската амбасадорка вели : 

 - За жал, мојот одговор за недостигот на транспарентност во судството останува ист, затоа ве молам дозволете ми да го повторам. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат мериторен, транспарентен процес, без разлика дали е тоа во обвинителството, судството или која било друга јавна институција.  Во овие постапки нема место за политичко мешање. Оние кои би се вмешале преку притисоци, закани или коруптивни зделки на задна врата, треба да бидат посочени и повикани на одговорност од народот на оваа земја.