Андреј Жерновски нов секретар за меѓународна соработка на СДСМ

Андреј Жерновски ќе биде  нов секретар за меѓународна соработка на СДСМ. Предлогот на Венко Филипче кој вечерва доби поддршка на ИО на СДСМ ќе треба да помине и на ЦО на партијата.

Жерновски доаѓа на поџицијата која во минатото ја вршеше Бојан Маричиќ, а која откако Венко Филипче ја презема  партијата беше празна.

Жерновски е член на ИО на СДСМ кој остана и по колективната оставка на раководството која по историски најголемиот пораз на СДСМ на локалните Филипче ја побара од раководството на партијата.

Жерновски е поранешен ажбададор на Македонија во Романија, кој актуелната Влада предводена од Христијан Мицкоски го отповика, беше и заменик министер во МНР како и поранешен градоначалник на Центар една од малкуте општини кои СДСМ во 2013 ги освои.

Жерновски е и поранешен претседател на ЛДП, партија која освдн во 2011 стално била дел од коалицијата на СДСМ.