Андреј од ДНК, и дел од неговиот бенд меѓу загинатите

Андреј Ѓорѓиески, еден од членовите на популарното музичко дуо ДНК, го загуби животот од последиците на страшниот пожар во Кочани. Тој, и покрај тешките изгореници, се обидел да им помогне на другите, но, за жал, не успеал да се спаси.

ДНК беше еден од најпознатите музички бендови во Македонија и остави голема трага во музичката сцена. Тие ја испеаја и една од навивачките химни за македонската фудбалска репрезентација, по историскиот пласман на Европското првенство во 2021 година.

Во страшниот пожар животот го загуби и тапанарот Ѓорѓи Горгиев од Струмица, а сѐ уште се трага по вонредниот професор м-р Сара Пројковска од Факултетот за музички уметности, која беше пратечки вокал во ДНК.