Андреас Сејдл од мај ја презема директорската функција во Мекларен
Foto

Андреас Сејдл од мај ја презема директорската функција во Мекларен

Поранешниот шеф на Порше, Андреас Сејдл, ќе започне со својата нова улога како управен директор на Формула 1 тимот Мекларен од почетокот на мај.

 

Трансферот на Сејдл во Мекларен беше објавен минатиот месец, но тимот не го откри датум за почетокот на соработката.

 

Сега прецизира дека тоа ќе се случи на 1 мај, веднаш по трката за Големата награда на Азербејџан.

 

Главниот извршен директор на Мекларен, Зак Браун, рече дека тимот е „воодушевен“ од тоа кога Сејдл ќе може да ја преземе новата функција.

 

– Ова ни овозможува да продолжиме со интензитетот на нашиот план за обновување и со нетрпение очекуваме да го пречекаме во Мекларен, нагласи Браун.

 

Сејдл има претходно искуство во Ф1 од Вилијамс и БМВ. Тој е едно о двете засилувања во стручниот тим на Мекларен. Покрај него потпишан е и договор со поранешниот технички директор на Торо Росо. Џејмс Кеј.

 

0 Коментари

Остави коментари