Андреа не се пласираше во финалето на Евровизија 2022
Foto

Андреа не се пласираше во финалето на Евровизија 2022

Вечерва се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија 2022 на кои се одбраа и преостанатите десет финалисти за големото финале во сабота. Во салата Пала Олимпико во Торино се натпреваруваа 18 песни.

На евровизиската сцена настапија претставниците на Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Северна Македонија, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка. 

Нашата евровизиска претставничка Андреа Коевска со песната „Circles“ на Александар Масевски настапи под реден број 11. Како што е познато МРТ вчера ја соопшти одлуката Андреа Коевска да настапи на втората евровизиска вечер, и покрај настанот со фрлањето на македонското знаме, поради кој првично беше најавено дека се разгледува можност за нејзино повлекување. Од МРТ исто така најавија дека се размислува од наредната година Македонија повеќе да не учествува на Евровизија, соопштија од МРТ.

Нашата претставничка Андреа имаше моќен настап со одлична изведба на песната со многу емоции. Настапи самоуверено и беше поздравена го голем аплауз. Интересно е дека нашата екипа седеше веднаш до српската што неколку пати се виде и во текот на преносот.

Настапот на српската претставничка Констракта беше најочекуваниот, не само поради необичната корегографија, туку и поради фактот што за првпат во историјата на Евровизија, латинскиот јазик беше вметнат во песна со друг јазик, со преводот на латински изреки. Публиката ја поддржа со голем аплауз во текот на изведбата на „In corpore sano“.

И претставникот на Сан Марино Ахил имаше нетипичен настап со песната „Стриптизер“ и кореографија во која беше вметнат и бакнежот со гитаристот. Необичен костим имаше и претставникот на Австралија Шелдон Рајли.

Учесниците од првата полуфинална вечер, не гласаа во втората вечер. Сите учесници и финалистите и оние кои не влегоа во финалето, во сабота ќе гласаат и ќе го одлучат победникот. Додека се сумираа гласовите, ги слушнавме и песните кои годинава директно влегуваат во финале, домаќинот Италија, Шпанија, Англија, Германија,

На втората полуфинална вечер гласовите одлучија во финалето да влезат Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија. 

Foto Foto

0 Коментари

Остави коментари