Андовски во 24 анализа: Со новиот тендер ќе се набават нови инсулински терапии, исулински пумпи и сензори
Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски во 24 анализа рече дека со тендерот за набавка предвидени се и нови лекови но и повеќе сензори за дијабетичарите. Тој рече дека претставниците од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија ќе може да бидат дел од работните состаноци на Националната комисија за дијабет.
„Ние со оваа одлука со која ја распишавме јавната набавка обезбедивме плус финансиски средства и секаде се зголемува набавката. Сега со оваа набавка планираме да се зголемат количини на снезори, на инсулински пумпи, современа инсулинска терапија која е целосно бесплатна. Со новата набавка планирано е да се воведе нов лек за минимум 100 пациенти“, изјави Андовски .
Тој објасни дека Сојузот ќе може да биде дел и од Националната комисија за дијабет и да разговара со членовите и за нивните барања и предлози за зголемување на позитивната листа.
„Едно од барањата беше да се вклучат и во Националната комисија за дијабет, бидејќи таму нема ниту еден болен од дијабет и кога ќе се среќава комисијата да бидат присутни, да си ги кажат мислењата. Таа комисија гарантира за квалитетот на терапијата и за позитивната листа разговаравме и кога ќе дојде рад да се расправа и за лекови од оваа област ќе бидат сослушани. Нашата заедничка цел е најбрзо што може да обезбедиме сензори“, рече Андовски.

