Андоновски за ТВ 24: На македонскиот народ му е смачено од отстапки
Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа кој беше на средбата со еврокомесарот Вархеји, истакна дека на средбата се потенцирани ставовите на партијата дека преговорите со ЕУ треба да почнат веднаш.
- Треба да почнат без било какви одлагања, условувања и предусловувања од било која страна. На македонскиот народ му е смачено од отстапки, правевме во 90тите, со промената на уставот неколку пати. Време е за решенија и затварање на вратата на ЕУ за Македонија. Време е ЕУ и Европскатра комисија да ги почне преговоорите, зошто нецелисходни се понатамошни отстапки. - рече Андоновски.