Андоновска: Само 2–3 лица останале на платен список

Само 2 до 3 лица кои целосно не доаѓале на работа, а биле евидентирани преку користење на картички за пријавување присуство, се уште се на платен список, изјави директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Таа посочи дека останатите вработени кои биле опфатени со овој случај сами си заминале од работните позиции.