Андонова за ТВ 24: Мора да се најде трајно решение, граѓаните не смеат да останат без јавен превоз
Марија Андонова советник во Град Скопје од ВМРО ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека додека траат препукувањата кој кому должи и барање на виновник имаме непосакувана реалност.
- Граѓаните за прв пат останаа без градски превоз, а илјада семејства останаа без плати. Тоа е нешто што ние како советничката група не можеме да го дозволиме и во првиот момент кога беше ова најавено, реагиравме брзо. Доставивме иницијатива за прераспределба на сретствата за градот да ги исплати и градот да продолжи со превозот. Денешната одлука е донесена врз база на таа иницијатива. Мора да се најде трајно решение, а тоа е менаџментот на ЈСП, градоначалничката и Владата. Граѓаните не смеат да останат без јавен превоз. - рече Андонова.