Андонов за ТВ 24: Ниту еден држвен термо капацитет од осамостојувањето до сега не е изграден

Виктор Андонов, директор за развој на електростопанство на Македонија во емисијата 24 анализа рече дека е разочаран што универзитетските професори се против енергетски инвестиции кога 30 години тука ништо не се инвестирано.

- Зборуваме за искуство што треба да го имаат професори со кое би учествувале во изградба на објекти и тоа се стекнува доколку се учествува во самата изградба или проектирање на истата. Ние немаме таков капациет. Ниту еден  држвен термо капацитет од осамостојувањето до сега не е изграден. Немаме професори кои учествувале во таков објект. Те То е изграден од шпанска компанија, граден од турска компанија. Се што е приватно не ини, таа теза не одговара. Не треба да ги избркаме тие луѓе кои инвестирале тука, и тоа останува кај нас, се ангажирале домашни луѓе, земале пари од наши и странски банки, вработиле наши инженери. Сите тие инвестиции што ги објавува РЕК се домашн инвестии. - рече Андонов.