Анализа: Прва цигара на 13 години - пушат над 40% од младите
Над 40% од младите во Македонија до 18 години пушат цигари, дел од нив се и на 13 годишна возраст. Алармантната статистика која ја вбројува земјата со највисока стапка на пушење ја објави „Аналитика тинк тенк“, независна институција за истражување на јавни политики.
Едукацијата и превенцијата во образовниот систем е првиот чекор кој како општество треба да се преземе.
Со новите законски решенија за основно и средно образование училиштата се задолжени да спроведуваат програми против злоупотреба на тутунот, алкохолот и дрогата. Новина од оваа година е воведување на предметот „Учам за моето здравје.
Според статистиките на Институтот за јавно здравје, 45,4% од граѓаните се активни пушачи. Тоа е значително повеќе од регионот за Европа кој изнесува 25 проценти. Според СЗО, трошоците за цигари изнесуваат 38 милијарди денари годишно што е црвен аларм за преземање итни мерки за намалување на оваа загуба. Институт за јавно здравје отвори бесплатна телефонска линија за откажување од пушење.

