Анализа на ТВ 24: (Не)одржливост на должничката позиција на Македонија

Продлабочувањето на јавниот долг е загрижувачки и треба повнимателно да се носат одлуките за идни странски и домашни кредити. 

Експертите за Телевизија 24 велат дека и во периодот што следи долгот на државата ќе се зголемува. Мора да се најде нов начин на намалување на буџетскиот дефицит. Универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Трајко Славески вели дека  како држава веќе сме во зоната на скапо задолжување, а тоа значи дека оние кои ќе сакаат да и позајмат пари на земјава ќе и нудат високи камати. 

 

„Не се само оние осум милијарди евра јавен долг кај нас, имаме скриен долг, некој го проценува на 600 милиони евра на јавните претпријатија и здравствените установи. Тие како да немаат строги буџети, буџетите им се отворени. Во социлализмот зборувавме дека за меки буџетски ограничувања а тоа е еден дополнителен ризик за одржливоста на јавниот долг и одржливоста на макроекономската стабилност и македонската економија“, вели Трајко Славески Универзитетски професор. 

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини пак со остра критика до власта. Тој вели парите кои кои се земаат како кредити од меѓународните институции како ММФ да не се претставуваат во јавноста како поволност, туку тоа е задолжување на државата. Харадинај апелира, позајмените пари да се трошат за тоа што е најпотребно а не за популизам и партиски цели.

„Ако државата е како една фамилија се задолжува за тие кредити со повисиока стапка од економскиот раст таа држава осиромашува секоја година.  Гледано како целина  таа е во загуба, повеќе плаќа камата од колку што има раст на економијата.“, вели Џевдет Хајредини поранешен министер за финансии.

Владата планира со Предлог закони до нова година да сзе задолжи за нови 700 милиони евра. Тоа според познавачите ќе придонесе за надминување на нивото на  долгот од 60 отсто од БДП. Владата пак уверува дека состојбата со јавниот долг е стабилна. Министерот за финансии  Фатмир Бесими уверува дека државата има план за намалување на задолженоста.

„Поголем дел од нив се на 10 години за отплата, со четири или пет години грејс период, со каматна стапка што е четири процентни поени во просек пониска од она што го плаќаме сега со обврзниците.“, вели Фатмир Бесими министер за финансии.

Официјалните податоци велат дека заклучно третиот квартал од годинава јавниот долг изнесува 55,8 отсто. Од 2017та до 2019та година јавниот долг се движеше од 47 до 49 отсто од Бруто домашниот производ. Но следните години долгот на земјава значително се зголеми. Највисокиот јавен долг Македонија го имаше пре две години кога тој достигна 61 отсто. Според пресметките, по глава на жител, секој граѓанин во земјава е задолжен за седум илјади евра. 

Јавен долг 

2017      47,7%

2018       48,4%

2019       49,1%

2020        59,7%

2021       61%

2022       59,7%