Министерството за финансии е најтранспарентна институција во 2020 година со објавени 80 отсто од потребните документи, покажува анализата на есе за тоа колкаво е нивото на проактивна транспарентност на јавните институции во 2020 година во која се монторирани 25 институции.
Но, и покрај високиот број објавени документи и информации, сепак недостигаат буџетскиот календар и годишната програма, наведуваат од ЕСЕ.
19 институции или 76 отсто од мониторираните се нетранспарентни - се нотира во анализа. Две институции не објавуваат ниту еден документ на своите интернет-страници - Здравствен дом Скопје и Центар за јавно здравје Кочани.
0 Коментари