Ана Каренина

Серија снимена според истоимениот роман на рускиот писател Лав Толстој од 1878 година. Ана Каренина е мажена за 20 години постариот Алексеј Каренин висок владин функционер со кого го има синот Сергеј.

Вронски е млад гроф, кој сака да се ожени со Ана ако таа се согласи да го напушти сопругот, но таа е ранлива на притисоците на руските социјални норми, моралните закони на Руската православна црква, сопствените несигурности, нејзината љубов кон синот, и неодлучноста на Каренин. Иако Вронски и Ана одат во Италија, каде можат да бидат заедно, тие имаат проблем по враќањето. Назад во Русија, таа е оцрнета, изолирана и вознемирена, додека Вронски го следи својот социјален живот. И покрај уверувањата на Вронски, таа станува сè посесивна и параноична во врска со неверството, плашејќи се од сопственото губење на контролата.

Паралелна приказна е онаа за Константин Левин, богат земјопоседник кој сака да се ожени со Кити, сестра со Доли и снаа на братот на Ана, Степан Облонски. Левин двапати ја бара за жена Кити пред таа да прифати. Левин има проблеми во управувањето со неговиот имот, бракот и неговата борба да ја прифати христијанската вера, сè до раѓањето на неговото прво дете.