Ана Батева и Марија Карилоска на резиденцијална програма на фестивал во Словачка
Во рамките на Меѓународната Вишеград 4 резиденција за млади театарски критичари, од денеска до 11 јуни во програмата на резиденцијалниот престој ќе учествуваат театарската режисерка Ана Батева и младата актерка и новинарка Марија Карилоска.
-Младите театарски уметници ќе ја следат програмата на Меѓународниот театарски фестивал Нитра во Словачка, и ќе совладуваат креативни методи за изработка на современа театарска критика за фестивалската програма и претставените продукции. Досега резиденцијалните програми ги водеа светски реномирани театролози како Патрис Павис, Томас Ирмер, Дарко Лукич и други. Изработените театарски критики ќе бидат објавени во домашните е-портали/е-списанија УМНО.мк и Елементи.мк, соопшти Македонскиот центар ИТИ/Продукција.
Програмата и соработката се реализираат под покровителство на Вишеград Фондот и партнерите - Нитра Фест Словачка, театарите и театарските организации од Полска, Грузија, Чешка, Унгарија, Романија, Украина – Трафо, Театарски Институт Прага, АТИП, Азарт, Театр Леси, Театарски Институт Братислава. Партнери од Македонија се Македонскиот центар ИТИ/Продукција. Продуцент/координатор е вонр. проф. д-р Иванка Апостолова Баскар