Анѓушев за Тренд Анализа: Антикорупциска погреши, ја напуштам Владата на 3. јануари
Foto

Анѓушев за Тренд Анализа: Антикорупциска погреши, ја напуштам Владата на 3. јануари

Во дебатната емисија Тренд Анализа, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев соопшти дека тајмингот за негово заминување од Владата е 3. јануари, кога практично треба да се формира техничка Влада на чело со технички премиер, во пресрет на предвремените парламентарни избори. 

Анѓушев вели дека Државната комисија за спречување на корупција погрешила во одлучувањето за случајот во кој антикорупционерите му препорачаа на премиерот Заев да го повика на одговорност за одлучување поврзано со царини на увоз на литиумски батерии.

„Оваа препорака е донесена за да се задоволи јавноста дека се води борба со функционери, но во случајов јас сум функционер кој транспарентно работи, а дилетанти кои го втурнаа правосудниот систем останаа неказнети“ - вели Анѓушев.

0 Коментари

Остави коментари