Анѓушев во Аргумент плус: Извештајот ги носи и проблемите со корупцијата но и партизацијата во Македонија

Копретседателот на ДОМ Александар Анѓушев во Аргумент плус рече дека благодарение на зелените во Германија била изгласана познатата резолуција во Бундестагот.

Според него, европските пратеници се пред искушение дали ќе негираат постоење на еден народ.

„Благодарение на зелените во Германија беше изгласана познатата резолуција во Бундестагот. Европарламентарците се пред искушние дали ќе негираат постоење на народ и нација. Овој извештај носи и друга димензија. Иако се става проблемот и се зборува само за  името на македонскиот јазик и идентитет сепак има нешто што никој не го споменува а тоа се сите останати работи во тој извештај, корупцијата, партизацијата и се друг“, рече Анѓушев.