Вицепремиерот Кочо Анѓушев, како копретседавач на Мешовитиот управувачки комитет помеѓу нашата земја и Германија за време на посетата во Берлин одржа состаноци и средби на кои се дискутираа конкретни чекори и мерки за соработка помеѓу Владите, особено за германската поддршка за поинтензивен економски раст и креирање на реална и одржлива економија во нашата земја. Анѓушев потенцираше дека со денешното потпишување на протоколот за пристапување кон НАТО се реализира една стратешка цел на нашата земја, се обезбедува стабилност и подобра бизнис-клима преку која се очекува нов наплив на странски инвестиции.
0 Коментари