Аморим: Пласманот во финалето нема ништo да значи ако не ја освоиме титулата

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, истакна дека пласманот во финалето во Лига Европа ќе биде безвреден, доколку неговиот тим не ја освои титулата во сезоната во која има очајни настапи во домашното првенство.

Манчестер Јунајтед синоќа обезбеди пласман во финалето во Лига Европа, откако го совлада Атлетик Билбао со 4-1 и го елиминираше шпанскиот тим со вкупен резултат од 7-1.

Противник на тимот на Аморим во финалето на 21 мај во Билбао ќе биде Тотенхем, кој сезонава три пати го совлада Манчестер Јунајтед.

„Ќе биде емотивен натпревар бидејќи двата тима сакаат да ја завршат сезоната со трофеј. Мора да бидеме подготвени, да имаме целосен тим и малку среќа“, рече Аморим.